Connect with us

Дени Илиев на нова операција

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев замина на нова операција на левото колено. Тој е опериран во Аугсбург кај д-р Улрих Бениш и се надева дека брзо ќе ја надмине и оваа пречка.

„Уште една пречка на патот. Благодарност до д-р Улрих Бениш и неговиот тим што ми помогнаа уште еднаш во овие тешки мигови. Напорната работа почнува сега, а јас ќе се вратам посилен“, истакна Дени Илиев.

Враќањето на терените е предвидено за околу три месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови