Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Сент Етјен на домашен терен со 2-1, со што направија уште еден чекор кон освојувањето на 13. шампионска титула.
ПСЖ сега е лидер со 43 бодови, седум повеќе од Олимпик Марсеј и дури 12 од Монако.
Осман Дембеле беше двоен стрелец за ПСЖ на овој дуел.
Psg [1]-0 Saint-Etienne – Dembele 13'#PSGASSE #Ligue1 #Dembele pic.twitter.com/85WQOMp7Ha
— Goal & Ita (@FranchiniI47764) January 12, 2025
Во 13. минута, Дембеле направи одличен продор по десната страна, влезе во казнениот простор, се намести на левата нога и со силен удар од 15 метри ја затресе мрежата за 1-0.
Во 33. минута, ПСЖ доби пенал, а Дембеле успешно реализираше од белата точка за 2-0.
Psg [2]-0 Saint-Etienne – Dembele 23'#PSGASSE #Ligue1 #Dembele pic.twitter.com/6GHmNWcD7E
— Goal & Ita (@FranchiniI47764) January 12, 2025
Давиташвили во 64.минута одлично изведе слободен удар и го совлада Донарума за 2-1. Иако резултатот донесе одредена неизвесност, победата на ПСЖ не беше загрозена.
Psg 2-[1] Saint-Etienne – Davitashvili 64'#PSGASSE #Ligue1 #Davitashvili pic.twitter.com/3nXUi3deo2
— Goal & Ita (@FranchiniI47764) January 12, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal