Пари Сен Жермен триумфираше во Суперкупот на Франција оваа сезона, на натпревар одигран на стадионот „974“ во Доха, Катар. Иако беа фаворити, „светците“ се соочија со жесток отпор од Монако, но на крајот успеаја да победат со 1-0.
Натпреварот се одигра во невообичаена атмосфера, бидејќи голем дел од навивачите го бојкотираа поради тоа што мечот се одржа надвор од Франција. И покрај тоа, двата тима прикажаа динамична игра и создадоа многу шанси.
Клучниот момент се случи во судиското надополнување, кога Осман Дембеле постигна гол во 92. минута, искористувајќи ја прецизната асистенција на Фабијан Руиз. Тој гол беше доволен за ПСЖ да го освои престижниот трофеј.
Ова е рекордна 13. титула за ПСЖ во Суперкупот на Франција, со што дополнително ја зацврстија својата предност пред Лион, кој има освоено осум трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Вест Хем освои бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Серафимов си постигна автогол
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Распадори во Серија А
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













