Вест Хем освои голем бод на гостувањето кај Манчестер Јунајтед (1-1) во натпреварот од 14. коло во Премиер – лигата.
Головите паднаа во второто полувреме. Прво Јунајтед поведе со голот на Португалецот Диого Далот, кој стрелаше во 58. минута и ја израдува публиката на „Олд Трафорд“. Се чинеше дека „ѓаволите“ се во добар налет, но повторно испливаа на површина дефанзивните слабости на тимот, кој не реагираше најдобро и дозволи погодок за „чеканите“ во 84. минута.
Првиот премиерлигашки гол на Сунгуту Магаса ги разгоре гостинските фанови.
Избраниците на Рубен Аморим притиснаа во финишот, но иницијативата беше јалова и делуваше како сите да чекаат индивидуален момент на инспирација.
Во следното коло „чеканите“ ќе гостуваат кај незгодниот Брајтон, додека Манчестер Јунајтед ќе биде голем фаворит на гостувањето кај последнопласираниот Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













