
Комората на ФИФА за статус на играчи донесе одлука со која тужбата на турскиот тренер Ердем Алпарслан против ФК Шкупи 1927 АД е делумно прифатена.
Со оваа одлука, клубот од Чаир е задолжен да му исплати на играчот:
10.136,49 евра како заостаната плата, заедно со камата од 5% годишно, пресметана за секој поединечен износ и период на доцнење:
– 1.136,49 евра од 16 април 2025 година,
– 3.000 евра од 16 мај 2025 година,
– 3.000 евра од 16 јуни 2025 година,
– 3.000 евра од 6 јули 2025 година, сè до денот на целосна исплата.
Дополнително, клубот е должен да исплати 33.000 евра како обесштетување за раскин на договорот, заедно со законска камата од 5% годишно, почнувајќи од 6 (месецот ќе се наведе во целосната одлука) 2025 година, до денот на целосна исплата.
Согласно член 8 од Анекс 2 од Правилникот за статус и трансфер на играчи, доколку целосната уплата (вклучително и сите законски камати) не биде извршена во рок од 45 дена од приемот на оваа одлука, ќе се применат следните последици:
- Тужениот ќе биде суспендиран од регистрација на нови играчи, било на национално, било на меѓународно ниво, сè додека долгот не биде целосно подмирен. Максималното времетраење на забраната е три цели последователни регистрациски периоди.
- Доколку и по истекот на трите цели последователни регистрациски периоди не биде извршена целосната уплата (вклучително и сите законски камати), предметот, по барање, ќе биде доставен до Дисциплинската комисија на ФИФА.Последиците ќе се применат само на барање на тужителот, во согласност со член 8, став 7 и 8 од Анекс 2 и член 25 од Правилникот за статус и трансфер на играчи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
