Женската фудбалска репрезентација на Македонија се соочува со резултатски дебакл во квалификацискиот меч против Северна Ирска што во моментов се игра на комплексот на ФФМ. Нашите најдобри фудбалери по првото полувреме губат со неверојатни 0-7.
Селекцијата на Северна Ирска има комплетна доминација, а мора да се напомене дека Македонија игра без десетина репрезентативки кои се повредени. Ги нема најдобрите Наташа Андонова, Гентјана Рочи, потоа Јаковска, Николовска, Чубриноска, Положани…
Северна Ирска поведе уште во четвртата минута преку Фурнес која беше двоен стрелец до полувремето, исто како и Мегил. Мрежата на Магдалена Лековска ја погодија и Мекена, Вејд и Мекгинис. Мора да се истакне и дека Магдалена Лековска успеа да одбрани пенал во првиот дел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













