
Хрватска е првиот полуфиналист на Мундијалот во Катар. На пенали падна и моќниот Бразил. Бразилците поведоа во продолженијата преку Нејмар, но Бруно Петковиќ погоди за 1-1 и го одведе натпреварот во пенали. Таму Хрватска искористи четири, а Бразил само два удари од белата точка.
Доминик Ливаковиќ одбрани еден пенал, а Маркињос го погоди дирекот.
Лудата победа ја коментираше селекторот Златко Далиќ.
„Ова е победа за хрватскиот народ. Честитки за момците. Го елиминиравме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска. Никогаш не нѐ потценувајте, го кажав тоа. Ова не ни е крајот, одиме понатаму. Ова е победа за цела Хрватска. Сите го дадоа максимумот. Уживајте, хрватски бранители, ова беше за сите вас. Овие мои играчи не се нормални“, изјави Златко Далиќ по мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
