
Репрезентацијата на Хрватска на пенали се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, а таму ги очекува најмоќниот можен ривал, селекцијата на Бразил. Селекторот Златко Далиќ е среќен поради пласманот, но од друга страна и „загрижен“ поради следното искушение.
„Бразил е најмоќната репрезентација на Светското првенство. Нивниот избор на играчи, квалитет… Страшно е. Ни претстои голем тест против селекција која игра неверојатен фудбал и сака да се натпреварува. Ќе треба добро да се подготвиме за тој натпревар. Немаме од што да се плашиме, мора со самодоверба да влеземе во натпреварот. Можеби е рано, подобро да беше финале… Бразил е фаворит, но ние не се плашиме и нема да се предадеме. Ќе се одмориме, ќе го дадеме својот максимум и ќе му се спротивставиме со наша игра“, вели хрватскиот селектор.
Хрватските фанови се во еуфорија, но Дали сака малку да ги спушти на земја. Потенцира дека Бразил е сериозен фаворит во четвртфиналната пресметка.
„Ќе видиме што и како ќе направиме против Бразил. Немаме напаѓачи од Атлетико и од Јувентус, сега имаме напаѓачи од Хајдук и Динамо. Да не живееме во облаци. Ние сме квалитетни, ќе бараме решение, но не треба да размислуваме дека сме фаворити. Тоа може да биде кобно за нас“, истакнува Далиќ.
Четвртфиналниот дуел меѓу Хрватска и Бразил е закажан за петок, со почеток од 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
