Пред денешната седница на општина Битола на која ќе се дискутира за продажба на дел од акциите на ФК Пелистер, навивачката група Чкембари како дел од фудбалскиот клуб упати три барања до сите советници во општинскиот совет.
- Поради немањето доволни (никакви) информации за купувачот, пред гласањето, да се обезбедат дополнителни информации за евентуално новиот сопственик. Презентација на проектот како размислуваат да го развиваат клубот во иднина, и да гарантираат транспарентност во иднина, бидејќи иако се работи за 75% приватна сопственост, ФК Пелистер е субјект кој е од висок јавен интерес за Битолчани.
- Да се вметнат клаузули или одредени анекси во договорот кој ќе го гарантираат зачувувањето на идентитетот на Пелистер. Амблем, боја, име и битолска адреса. Само зелено бел Пелистер!!!
- Иако фудбалот е игра во која некогаш и парите не играат улога во крајниот резулатат, односно голем влог автоматски не значи голем успех. Меѓутоа, континуираното инвестирање може барем најмалку да го загарантира прволигашкиот статус на клубот во лига како нашата. Бараме да изнајдете начин, некако да биде и самиот инвеститор условен, Пелистер само Прва лига!!!
Иако со првичните најави, поради немањето на доволно информации, не сме кој знае какви оптимисти, но доколку Пелистер добие нови сопственици ние на истите им посакуваме многу среќа во управувањето на нашиот миленик. Но и ги потсетуваме, Пелистер е традиционален клуб и е име кое носи дополнителен притисок. Се додека мислите добро на нашиот клуб, од нас ќе имате безусловна поддршка. Најискрено се надеваме дека така и ќе биде, велт Чкембари.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













