Connect with us

Четири причини зошто Алиоски треба да остане во Лидс Јунајтед

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ги минува последните неколку седмици од актуелниот договор со Лидс Јунајтед, раководството на клубот и менаџерот Марсело Биелса го убедуваат да остане и да ја продолжи соработката,а засега најзаинтересиран клуб за неговите услуги е турскиот гигант Галатасарај. Но, медиумите на Островот ги извоија причините поради кои Џани Алиоски би требало да остане во Премиер – лигата.

Под претпоставка дека нема други клубови од Премиер – лигата кои чекаат во ред за да му понудат зделка, Алиоски во најубавите фудбалски години самиот би донел одлука да не игра во најквалитетната европска лига. Англискиот клупски фудбал е неспоредлив кога станува збор за конкуренција, квалитет, забава, но и интеракција со публика. Навистина не постои поголема сцена за Алиоски да игра на клупско ниво.

Можеби тој доби впечаток и од настапите во Чемпионшип, но сигурно ништо не може да се спореди со глетките и звуците под светлата во Премиер – лигата во дуелите против најдобрите играчи на планетата.

Менаџерот Марсело Биелса. Дали има поголема причина да останете во фудбалски клуб отколку да ја видите најдобрата верзија за себе? Алиоски има среќа да биде предводен од еден од најдобрите фудбалски стратези кој умее да го извлече најдоброто од секој фудбалер.

На 29 години, Џани сè уште не завршил со подобрувањето на своите можности. Лидс Јунајтед е за него веќе добро позната средина, а одлично се вклопи и функцуонира во Премиер – лигата. Нема сомнение дека како слободен агент ќе пронајде нов квалитетен клуб, но ќе го загуби континуитетот на започнатиот процес на работа со Биелса.

Првенството на Турција не може да се споредува со Премиер – лигата во никој поглед. Можеби преселбата на Месут Озил дава некоја нова привидна слика, но, сепак, тој беше во сосема друга позиција во клубот и воопшто не беше дел од тимот на Арсенал кога се реши на таков потег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови