
Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска Асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Во писмото со честитки, првиот човек на ФИФА вели дека е убеден во потенцијалот на нашиот фудбал и ја истакнува личната поддршка и отвореноста на Светската фудбалска Асоцијација за нашата „Куќа на фудбалот“.
„Прифатете ги моите најтопли поздрави и најискрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Вашето знаење и лидерство, вашата страст и искуство несомнено ќе имаат важно влијание врз развојот на нашата прекрасна игра во Македонија. Убедени во потенцијалот на фудбалот во земјата, можете да сметате на мојата лична поддршка и на помошта на ФИФА за да ја постигнете оваа цел.
Вратите на ФИФА се секогаш отворени доколку сакате да разговарате за нашиот спорт, неговиот развој и промоција на неговите вредности.
Ви посакувам вам и на вашиот тим многу среќа и успех во сите предизвици што претстојат, во создавањето и сведочењето на трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија.
Со нетрпение очекувам да се видиме наскоро. Ти испраќам, почитуван претседателе, најдобри желби за добро здравје и успех“, се вели во пораката од ФИФА до ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
