Connect with us

Челси по продолженија ја елиминира Бенфика (ВИДЕО)

Челси ќе игра против Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД, откако со 4-1 и тоа по продолженија, ја елиминираше Бенфика.

„Сините“ водеа со 1-0 до 86-та минута, а тогаш мечот беше прекинат поради невреме проследено со грмотевици. Паузата траеше речиси два часа, а по прекинот во 95. минута беше досуден пенал за лисабонските „орли“ и реализатор беше Анхел ди Марија.

Аргентинецот на СКП изведе дури четири пенали и сите ги реализираше, но после мечот беше во солзи, бидејќи се покажа оти последен пат играше за Бенфика.

Продолженијата лошо почнаа за Бенфика, бидејќи после само две минути, исклучен беше Престијани. Со играч помалку, португалскиот тим беше немоќен и само прашање беше кога ќе потклекне. Издржаа до 108. минута, а тогаш за девет минути примија три гола.

Нкунку го постигна вториот гол, Педро Нето стана прв играч на првенството кој дал гол на три различни натпревари, а Кирнан Дусбери-Хол стави точка на триумфот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови