Англискиот премиерлигаш Челси планира да се раздели со најмалку тројца играчи во текот на летото. И покрај нејаснотијата околу сопственоста на клубот, на „Стемфорд Бриџ“ веќе се работи на следниот преоден рок.
„Сините“ планираат да се разделат со неколку непотребни фудбалери, а од нивната продажба да соберат средства за привлекување нови засилувања. Тројцата кои се пред заминување се Тимо Вернер, Кепа Аризабалага и Рос Баркли.
Вернер и оваа сезона не успеа да блесне под водство на Томас Тухел, кој е подготвен да се раздели со него. Германецот на 16 натпревари во Премиер – лигата има само три гола и една асистенција, што е крајно незадоволително. Ова е причината зошто менаџерот се повеќе го користи Каи Хаверц.
Кепа, кој се уште е најскапиот голман на светот, никогаш не успеа да се докаже на „Стемфорд бриџ“ и долго е резерва за Едуард Менди. Во исто време, Шпанецот добива огромна плата, а лондончани сакаат да се ослободат од таквиот товар.
Рос Баркли исто така не успеа да се докаже во Челси. Оваа сезона има едвај 12 натпревари во сите натпреварувања и само пет во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













