Англискиот премиерлигаш Челси сака да направи сериозна промена на напаѓачката позиција. Менаџерот Томас Тухел смета дека на тимот од „Стемфорд бриџ“ му е потребен нов квалитетен напаѓач за да може следната сезона да се впушти во трка за шампионската титула во Премиер – лигата. Тој преферира да го купи Роберт Левандовски од Баерн Минхен иако раководството на клубот се интересира за ангажманот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Тухел е подготвен да плати 100 милиони евра за ангажман на Левандовски кој бара нов предизвик и не би имал ништо против да се пресели во Премиер – лигата. Половина од парите би требало да се обезбедат со продажба на Тимо Вернер кој не се снајде најдобро во дресот на Челси и има премногу слаба реализација на шансите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













