
Челси дојде до вредни три бода во директен судир со новиот шампион Ливерпул, совладувајќи го со 3-1 на „Стемфорд Бриџ“. Лондончани остануваат на петтата позиција, но сега се оддалечија на три бода од Нотингем Форест и цврсто го држат последното место што води во Лигата на шампионите. Во сезона во која дури пет англиски екипи ќе играат во европската елита, имаат пол-позиција во финишот од сезоната.
Дуелот започна со спортски гест – домаќините им приредија „шпалир“ на новите прваци, признавајќи ја титулата која Ливерпул ја обезбеди по победата над Тотенхем. Но, кога судијата свирна за старт, почна сосема поинаква приказна.
Мотивираните фудбалери на Челси тргнаа фуриозно и уште во третата минута ја шокираа гостинската одбрана. Нето маестрално го пронајде Енцо Фернандез, кој го совлада Алисон – 1-0 за Челси.
На одмор се замина со минимално водство за Челси, но второто полувреме започна со нова драма. По мешаница во шеснаесетникот, Ван Дајк несреќно ја погоди ногата на Конса, па топката неславно заврши во мрежата – автогол и 2-0 за домаќинот.
До крајот, „црвените“ успеаја да намалат преку Ван Дајк во 85. минута, но надежта траеше кратко. Во самиот финиш, Кол Палмер беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 3-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Алиоски со Ал-Ахли ја освои азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)
