Челси не мирува дури ни додека успешно се натпреварува на Светското клупско првенство. Клубот паралелно работи на засилувања за следната сезона во Премиер – лигата. Според реномирани извори, „сините“ постигнале целосен договор со Брајтон за ангажман на бразилскиот напаѓач Жоао Педро.
23-годишниот напаѓач ќе потпише долгорочен договор на седум години, а трансферот ќе чини 60 милиони евра. Медицинските прегледи се веќе закажани, а Педро наскоро треба да им се приклучи на своите нови соиграчи, најпрво на Светското клупско првенство.
Покрај Челси, интерес за Педро покажале и други клубови, но тој јасно изразил желба да игра на „Стемфорд Бриџ“. Се очекува да формира напаѓачки тандем со Лијам Делап во нападот на Челси следната сезона.
Ова е само едно од неколкуте засилувања ова лето. Клубот претходно ги ангажираше Дарио Есуга, Мамаду Сара, Естеван Вилијан и Кендри Паез, продолжувајќи ја стратегијата за градење тим базиран на млади и талентирани играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













