Челси веќе гледа кон иднината и успеа да го договори трансферот на 22-годишниот напаѓач Емануел Емеѓа од Стразбур, кој ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ во 2026 година. Благодарение на заедничката сопственичка групација „BlueCo“ на Тод Боели, „сините“ ја искористија блиската соработка со францускиот клуб и си обезбедија засилување пред очекуваната трка на пазарот.
Емеѓа беше вистинска сензација во француското првенство. Минатата сезона постигна 14 гола и забележа три асистенции во 27 настапи, а оваа ја почна уште подобро – три погодоци во само четири натпревари. Иако сè уште го чека првиот повик во А-селекцијата, напаѓачот е дел од младинските национални категории на Холандија и се смета за голем потенцијал.
Челси веќе има преддоговор со кој Емеѓа ќе стави потпис на седумгодишна соработка од 2026 година. Ова лето имаше интерес за неговиот потпис, но тој реши да остане во Стразбур и да го предводи клубот во настапите на европската сцена.
Со заедничкото сопствеништво, Челси веќе подолго време го користи Стразбур како база за развој и минутажа на млади фудбалери. Минатата сезона таму настапуваа Андреј Сантос, Анџело, Калеб Вајли и Ѓорѓе Петровиќ, а летово дефинитивно се преселија Матис Амугу, Ише Семјуелс Смит и дури и Бен Чилвел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













