Делегација на Фудбалската федерација на Македонија, предводена од претседателот Муамед Сејдини престојува во Кигали, Руанда каде се одржува 73. Конгрес на ФИФА.
Покрај претседателот Муамед Сејдини, во делегацијата на нашата федерација се генералниот секретар Филип Поповски и директорот на А репрезентацијата, Данчо Масев.

На Конгресот во главниот град на Руанда, актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино доби поддршка од асоцијациите – членки на ФИФА за нов четиригодишен мандат до 2027 година.
Престојот во Кигали, претседателот Сејдини и нашите претставници го искористија за повеќе билатерални средби со претседателите на другите национални асоцијации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













