Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, уште еднаш ги критикуваше креаторите и поддржувачите на Суперлигата. Тој изјави дека поборниците на идејата го копаат гробот на фудбалот додека се претставуваат како нејзини спасители.
Промотерската компанија „А22 Спорт Менаџмент“ се обиде во различни форми да го создаде натпреварувањето од 2021 година, но наиде на решителен отпор од навивачите, што доведе до одбивање на речиси сите европски гиганти. Само Барселона и Реал Мадрид продолжуваат да стојат зад проектот.
„Фудбалот е една од ретките работи во кои Европа е лидер. Треба да бидеме горди. Овој успех се заснова на единствен модел, на солидарност, на подеми и падови на квалитетот. Треба да го заштитиме овој модел. Сите, не само УЕФА. Има и такви кои се обидуваат да го згазат ова. Се преправаат дека се спасители, но во реалноста копаат гробови. Тие се предатори. Сето ова го планираат од желба да добијат повеќе пари, капитал, моќ и престиж. Чувство на алчност и супериорност. Тие секогаш сакаат повеќе и повеќе. Суперлигата е како јаболкото на Снежана. Не можете да купите соништа или спортски дух. Историјата не се купува“, изјави Чеферин за „Марка“.
Во 2021 година, неколку европски клубови најавија создавање на Европска Суперлига. Лансирањето на проектот беше замрзнато по заканите од УЕФА и ФИФА. На 21 декември,
Европскиот суд ги прогласи за незаконски активностите на ФИФА и УЕФА да го блокираат создавањето на новото натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













