Чедомир Јаневски, еден од најистакнатите македонски тренери и поранешен селектор на националниот тим, повторно ја продолжува својата кариера на Кипар, каде што го презеде клубот Красава Ипсонас.
Искусниот стратег денеска официјално беше претставен во тимот кој има руски сопственик и кој минатата сезона избори место во елитната кипарска лига.
Во соопштението на клубот се истакнува дека се горди што успеале да ангажираат тренер со голема репутација, кој зад себе има богата кариера во повеќе европски клубови, а бил и селектор на Македонија и Кипар.
Македонската јавност најмногу го памети Јаневски по историскиот успех со Вардар во 2017 година, кога го предводеше тимот до групната фаза во Лигата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













