Новиот тренерот на Барселона, Чави Хернандез, успешно дебитираше на клупата на каталонскиот гигант по триумфот (1-0) над Еспањол во градското дерби. Тој ги демантираше информациите дека аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро ќе биде принуден да стави крај на кариерата. Вчера се појавија гласини дека аргентинскиот интернационалец ќе одржи прес-конференција следната недела за да потврди дека нема да ја продолжи својата играчка кариера.
Чави истакна дека не е точно ништо од гласините дека Агуеро дефинитивно ќе мора да се повлече.
„Она што излезе во медиумите не е точно“, им рече тој на новинарите. “Разговарав со него, тој е мирен и среќен. Го замолив да се врати кога ќе се чувствува добро”.
Агуеро нема играно од ремито 1-1 со Алавес на „Камп Ноу“ на 30 октомври. Тогаш беше заменет откако почувствува вртоглавица и се пожали на непријатност во градите. Барселона подоцна потврди дека тој ќе паузира три месеци додека лекарите ја следат сомнителната срцева аритмија. 33-годишникот се огласи на Твитер на 12 ноември со напомена дека е „позитивен, како и секогаш“ откако се појавија информации дека нема да може да продолжи да игра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













