Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, упати големи пофалби за напаѓачот Гонзало Гарсија по победата од 3-0 над Салцбург на Светското клупско првенство.
Гарсија го постигна својот втор гол на турнирот во САД, а Алонсо призна дека е воодушевен од настапот на напаѓачот, кој доби шанса во составот наместо Килијан Мбапе.
„Го познавам многу добро. Внимателно го следам вториот тим на Реал. Познавам многу од играчите. Искрено, не сум изненаден. Тој е типичен број „9“. Ме потсетува на Раул. Секогаш е на вистинското место и секогаш ја чека својата шанса. Неговата работна етика е извонредна. Играчите од вториот тим добиваат шанса и се борат да се докажат. Токму тоа го прави и тој сега. Потребен ни е. Сакаме да биде со нас и задоволни сме од него“, изјави Чаби Алонсо.
Реал Мадрид во осминафиналето на Светското првенство ќе се сретне со Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













