
Крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака, денеска ќе започне како лев бек во четвртфиналниот натпревар од ЕВРО 2024 против Швајцарија. Уште пред неколку дена, англиските медиуми открија дека селекторот Герет Саутгејт планира промена на шемата и на овој натпревар ќе започне во формација со тројца централни дефанзивци.
Најголемата неизвесност во оваа шема е кои ќе бидат играчите што ќе ги преземат улогите на странични бекови во овој систем.
Според медиумите на Островот, на десната страна ќе биде преместен Киран Трипие, кој досега започнуваше како лев бек. Сомнежот беше дали десно нема да стартува Трент Александер-Арнолд, кој би имал поголем придонес на офанзивен план.
Сепак, Саутгејт ќе се потпре на посигурните дефанзивни активности на Трипие. Како лев бек од првата минута ќе игра Букајо Сака, кој ја извршуваше оваа улога и во продолженијата од натпреварот со Словачка. Саутгејт ја донесе оваа одлука и покрај тоа што вчера објави дека Лук Шо е подготвен да започне во овој натпревар.
Коби Мејну повторно ќе биде партнер на Деклан Рајс во средниот ред, а Фил Фоден и Џуд Белингам ќе играат зад Хари Кејн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ферлан Менди ќе паузира до октомври

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
