Connect with us

Бруно Петковиќ го напушти Динамо, а Хајдук му подготвува сензационален трансфер на „Пољуд“?

По заминувањето на Бруно Петковиќ, а веднаш потоа и на Марко Пјаца, Динамо Загреб го очекува сериозна реконструкција ова лето. Но, токму трансферот на Петковиќ би можел да предизвика вистински земјотрес во хрватскиот фудбал.

Како што пренесуваат „Спортске Новости, 29-годишниот напаѓач е цел на најголемиот ривал – сплитски Хајдук. Иако ова на прв поглед изгледа како невозможна мисија поради долготрајното ривалство меѓу двата клуба, како и големата почит која Петковиќ ја ужива кај навивачите на Динамо, финансиската моќ на Хајдук може да ја промени ситуацијата.

Хајдук, според истите извори, е подготвен да ги исполни сите услови на хрватскиот репрезентативец, а голем плус во евентуалниот договор би можело да биде блиското пријателство со Марко Ливаја, кој веќе игра на „Пољуд“.

Петковиќ од 2018 година е дел од Динамо, каде освои шест шампионски титули и трипати играше во групната фаза на Лигата на шампионите. Сепак, ако дојде до реализација на трансферот во Хајдук, тоа би било еден од најконтроверзните потези во модерната историја на хрватскиот фудбал.

Да потсетиме, ваков „голем трансфер“ не би бил без преседан – Нико Кранчар во 2005 година премина токму од Динамо во Хајдук.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови