Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд околу трансферот на камерунскиот напаѓач Брајан Мбеумо продолжуваат со полна пареа. Првата понуда од 65 милиони евра беше одбиена, по што „црвените ѓаволи“ испратија подобрена понуда во висина од 73 милиони евра, пренесува „Скај Спортс“.
И покрај зголемената сума, „пчелите“ повторно дадоа негативен одговор.
Преговорите ќе продолжат и во наредните денови, а медиумите во Англија пренесуваат дека Мбеумо е решен да направи трансфер токму на „Олд Трафорд“. Тој наводно веќе одбил да остане во Брентфорд, но и интересот од Тотенхем.
Манчестер Јунајтед е цврсто решен да му ја исполни желбата на менаџерот Рубен Аморим, кој сака да го види Мбеумо како партнер на Матеус Куња, првото засилување за сезоната 2025/26.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













