Македонскиот прволигаш Брегалница одлучи да се раздели со седуммина фудбалери. Со завршувањето на сезоната 2021/2022 завршија и договорите со клубот за голманот Илче Петровски, дефанзивците Наумче Бакрачески, Филип Миленковски и Хрватот Диего Живулиќ, и фудбалерите од средниот ред Владимир Дујовски, Бобан Георгиев и Кристијан Ацковски.
„Секој од фудбалерите со кои ја завршуваме соработката силно е врежан во историјата на клубот. Затоа искрено им заблагодаруваме на досегашниот нескриен придонес за резултатите и развојот на клубот, притоа посакувајќи им многу среќа и здравје низ натамошниот дел од кариерата“, изјави спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.
Од Брегалница најавуваат дека во наредниот период ќе следи комплетно преструктурирање во играчките редови како тимот максимално подготвено би го дочекал стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













