Со четири засилувања велешки Борец ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
Офанзивците Дарио Десниќ како и 27-годишниот Никола Радовиќ кој доаѓа од српскиот Радник Сурдулица, поранешниот фудбалер на Пелистер, Александар Анастасов како и досегашниот десен бек на Кит Го, Никола Ристевски се четирите нови имиња досега за Борец кој, како што најавуваат од стручниот штаб, планира уште најмалку три засилувања.
По првата фаза од подготовките во Македонија, потоа се заминува во Грција каде е планирано одигрување три пријателски натпревар со српски Рад, Македоникос и вториот тим на солунски ПАОК.
Како што е познато, од обврските по крајот на есенскиот дел се ослободени дефанзивецот Филип Ристовски, офанзивците Симеон Христов, Филип Петров и Владимир Жоглев, како и српските интернациналци Ѓорѓе Ивљанин и Јован Велев, и Стефан Богдановски кој пристигна од словачкиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора













