
Македонскиот прволигаш Борец, заедно со Вардар, имаше најтурбулентна зима. Замина главниот спонзор „Брако“, компанија предводена од Кочо Анѓушев, па во вториот дел од сезоната клубот треба да го предводат ветераните, иако трансформацијата се уште не е официјално направена.
Но, има големи промени и во стручниот штаб и во играчкиот кадар. Борче Христов треба да го предводи Борец од клупата, а ангажиран е и поранешниот репрезентативец, искусниот Ванче Шиков. Тој доаѓа од Тиквеш и повторно се враќа во прволигашка конкуренција, каде во минатото го носеше дресот на Работнички и на Академија Пандев.
Шиков за македонската фудбалска репрезентација одигра 52 натпревари и постигна четири гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
