Спонзорот Кочо Анѓушев замина од Борец, раководната структура на клубот во иднина треба да ја сочинуваат ветераните на Борец, а претседател на УО најверојатно ќе биде Марјан Нацев. Фудбалерите се вратија на тренинг, но го нема шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов. Според неофицијални информации, неизвесно е дали тој ќе продолжи да ја извршува тренерската функција во клубот.
Борец го напушти и најдобриот фудбалер, напаѓачот Никола Прелчец кој веднаш потпиша за Работнички, а засега сите други фудбалери се дел од клубот. Тие се појавија на тренингот со кој раководеа асистентите на Михајлов – Ангел Темелков, Благој Лефков и Кире Манев.
Борец имаше одлични настапи во есенскиот дел од сезоната и ја заокружи на петтата позиција. Турбуленциите во клубот сепак се очекува да бидат надминати и велешкиот тим да продолжи да се натпреварува во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора













