Ливерпул е во голема криза, загуби на „Енфилд“ од Манчестер Јунајтед со 1-2, и тоа апсолутно неочекувана ситуација за менаџерот Арне Слот.
Посебно затоа што лани надмоќно ја освоија шампионската титула, а ова лето вложија многу пари и направија спектакуларни трансфери.
„Ова е тежок момент. Најважно е играчите да продолжат да веруваат еден во друг и во тоа што го работиме. Она што го гледам во Ливерпул е дека сите фудбалери се многу посветени. Без разлика дали започнуваат од првата минута или влегуваат од клупата – сите даваат максимум. Гледам дека имаме сè што е потребно да се победуваат натпревари, но можеби би било паметно тоа повторно да почнеме да го правиме – и тоа наскоро“, изјави Арне Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













