Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, може да се соочи со санкции за вршење притисок врз некои од неговите соиграчи од “старата дама” и Италија со цел да го сменат својот агент.
Медиумите во Италија известуваат дека Италијанската фудбалска федерација покренала истрага против искусниот играч, чиј претставник е Алесандро Лучи. Агентот неодамна успеа да ги додаде Гаетано Кастровили, Дејан Кулушевски и Џанлука Скамака на својата листа на клиенти, а таму веќе одамна се наоѓаат и Един Џеко и Алесандро Флоренци.
Наводно, со цел да преминат во агенцијата на Лучи, Бонучи непрекинато им праќал пораки на фудбалерите, им ветувал попрофитабилни договори, па дури и загарантирано место во националниот тим. Сепак, се вели дека најсензационален случај е оној на Џанлука Скамака, кој добивал постојани повици се додека не подлегнал на притисокот и го напуштил својот претходен агент, Паоло Паолони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













