Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е следната напаѓачка цел на англискиот премиерлигаш Саутемптон. Ова го тврди шкотскиот медиум „Дејли Ехо“, кој истакнува дека клубот подолг период ги следи неговите игри. Последен пат го скаутирале на мечот против Селтик.
Миовски игра одлична сезона во дресот на Абердин и веќе постигна 15 гола на 27 натпревари откако пристигна од унгарскиот тим МТК.
Македонскиот интернационалец беше стрелец на победничкиот гол за Абердин на дуелот против Ливингстон изнинатиот викенд, а за него претходно се интересираа и италијанскиот калчолигаш Лацио и францускиот прволигаш Рен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













