Connect with us

Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Бојан Миовски ги минува последните денови како играч на Џирона. Шпанскиот клуб реши да се раздели со македонскиот напаѓач само една година по трансферот од Абердин.

Нашиот голгетер сака враќање во Шкотска, а според медиумите од Островот, неговата прва желба е Глазгов Ренџерс. Македонецот веќе добил дозвола да преговара со „сино-белите“ од „Ајброкс“, иако и Селтик покажува интерес.

Миовски инсистира во евентуалната позајмица да има задолжителна откупна клаузула – за да не се врати во Џирона. Целта е јасна: нов почеток во лигата во која блескаше со дресот на Абердин, каде постигна 44 гола во две сезони.

Со проблеми во нападот, Ренџерс го гледа како идеално засилување и му нуди статус на стандарден првотимец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови