Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски ќе ја продолжи кариерата во Србија, иако Партизан реши да не ја искористи опцијата за откуп. Според информациите на „Моцарт Спорт“, левиот бек ќе потпише за ТСЦ Бачка Топола, која за 100.000 евра ќе го откупи неговиот договор од рускиот Акрон Тољати.
Димоски пролетва настапуваше за Партизан како позајмен играч, но доби шанса на само четири натпревари. Тој во 2023 година замина од Брера и потпиша за Акрон Тољати, но сега се очекува трансферот во ТСЦ да стане перманентен.
Бојан Димоски има 20 настапи за македонската фудбалска репрезентација, а не доби повик за претстојната акција на националниот тим во септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













