Струга Трим Лум го забележа првиот пораз во сезоната 2025/26 откако загуби дома од Брера со 2-4. По серијата позитивни резултати и блескавото издание во Купот против Македонија ЃП, вчерашниот натпревар беше далеку под нивото, особено поради слабата игра во одбраната.
Бледи Шкемби го доживеа првиот пораз како тренер на Струга Трим Лум. Стратегот истакна дека овој неуспех против АП Брера треба да послужи како важно искуство и предупредување за понатаму.
„Ова е тежок пораз што не го очекувавме. Честитки за противникот — ја заслужија победата, беа подобро подготвени од нас“, изјави Шкемби, видливо разочаран од одбранбениот ред кој прими четири гола за 90 минути.
„Не го започнавме добро натпреварот, особено во дефанзивната фаза. Направивме многу грешки во задниот дел и им дозволивме на противниците премногу шанси“, додаде тој, објаснувајќи и зошто тимот не успеа да биде поефикасен во нападот.
„Иако имавме неколку чисти шанси во второто полувреме, не успеавме да ги реализираме поради брзање и недоволна концентрација“, изјави Шкемби, додавајќи дека верува во реакција на тимот.
„Ова е натпревар од кој мора да научиме. Сигурен сум дека овој пораз ќе ни помогне да бидеме подобри во иднина“, заврши тренерот на Струга Трим Лум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













