Легендарниот југословенски ас Блаж Слишковиќ седнува на клупата на Железничар Сараево. Тој денеска го одржа првиот тренинг со фудбалерите и ќе се обиде да го стабилизира тимот кој се наоѓа на седмото место во Премиер – лигата на БиХ.
„Затекнувам играчки кадар што е селектиран претходно, но не дојдов овде само да минам еден и пол месец залудно, туку ќе се обидам што е можно побрзо да го консолидирам тимот. Жељо е клуб со голема традиција и треба да се врати во врвот на босанскиот фудбал“, изјави Слишковиќ.
Тој ќе дебитира на неделниот натпревар против Радник во Бијелина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski