
Шкендија ги задржа во своите редови двајцата искусни фудбалери Бесарт Ибраими и Арменд Алими. Напаѓачот кој ги урива голгетерските рекорди во македонскиот шампионат и фудбалерот за врска од кого зависи играта на целиот тим на Шкендија потпишаа нови договори и се „заколнаа“ на верност до јуни 2022 година.
„Шест прекрасни години исполнети со трофеи и многу убави моменти на домашна и на европска сцена создадоа огромна поврзаност меѓу мене и Шкендија. Одлучив да ја продолжам соработката и за наредниот двегодишен период и сега се фокусираме на следните искушенија“, изјави Арменд Алими.
Бесарт Ибраими се надева дека ќе постигне уште многу голови во дресот на Шкендија.
„Шкендија е моја страст и немав многу дилеми дали да го продолжам договорот иако имав и некои други понуди. Се уште сум гладен за голови и се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу трофеи“, изјави Бесарт Ибраими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
