
Поранешниот италијански репрезентативец и пријател на Антонио Конте, Џузепе Бергоми, откри кога сфатил дека тренерот нема иднина во Тотенхем. Официјално, разделбата се случи синоќа, но работите меѓу двете страни веќе некое време не одеа најдобро.
На 14 февруари Тотенхем му гостуваше на Милан во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите и загуби со 0-1.
„Никогаш не сум го видел толку среќен после пораз“, изјави Бергоми во етерот на „Скај Спорт Италија“. „Се смешкаше, тапкајќи ги луѓето по грбот, велејќи им „здраво“ на сите, беше прилично мирен. Тоа не е типично за него“, истакна Бергоми.
На реваншот во Лондон, Тотенхем не успеа да постигне гол и натпреварот заврши 0-0, со што беше елиминиран од елитното европско натпреварување.
Неодамна Конте директно ги нападна управата и играчите, што на крајот доведе до негово заминување со заедничка согласност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
