Connect with us

Бензема: Отсекогаш сум сакал да живеам во Саудиска Арабија

Карим Бензема даде интервју за официјалниот сајт на неговиот нов клуб Ал-Итихад. На прашањето зошто одлучил да дојде во Саудиска Арабија, тој одговори: „Јас сум муслиман, а ова е муслиманска земја. Отсекогаш сум сакал да живеам овде“, изјави францускиот напаѓач кој потпиша двегодишен договор со опцијата да се продолжи за уште една година. Годишно ќе заработува 200 милиони евра.


Бензема во саудиската лига ќе игра против Кристијано Роналдо, поранешниот соиграч од Реал Мадрид, а сега член на Ал-Наср.

„Подготвен сум за нов предизвик, сакам да покажам што знам. Во лигата играат многу големи имиња – Кристијано Роналдо и сега јас. Важно е да покажеме дека саудискиот фудбал може да влијае на целиот свет. Тука не се работи само за играње. Морам да го постигнам успехот што го доживеав во Европа, морам да играм на ист начин како во Реал“, изјави Бензема.

„Тука е мојот пријател Роналдо. Фантастично е да се види во Саудиска Арабија. И тој претставува нова ера на фудбалот во оваа земја и напредокот што е постигнат“.

Ал-Итихад е третиот клуб во кариерата на Бензема, која ја започна како играч на Лион. Во Реал беше од 2009 година, а за 14 години постигна 354 гола. Ова го прави втор стрелец во историјата на мадридскиот клуб зад Роналдо со 450 голови.

Бензема е освојувач на „Златната топка“, а со Реал петпати ја освојуваше Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство. Тој исто така освои четири титули во шпанската Ла Лига. Се повлече од француската репрезентација за која на 97 настапи постигна 37 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови