Францускиот интернационалец Карим Бензема е блиску до продолжување на договорот со Реал Мадрид до 2023 година. Тоа значи дека одличниот напаѓач би се согласил да остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една дополнителна година, а кога ќе наполни 35 години повторно ќе седне на маса со Флорентино Перез.
Бензема е главна алка во нападот на Зинедин Зидан, оваа сезона игра одлично и стана петтиот најдобар стрелец во историјата на клубот. Наредните две сеозни тој ќе ги нападне и постигнувањата на Сантиљана и на Ди Стефано, а се уште далеку од Раул Гонзалес и од Кристијано Роналдо.
Реал Мадрид се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а заостанува еден бод зад лидерот Атлетико Мадрид во трката за шампионската титула во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













