Connect with us

Бенфика и Челси отвораат преговори за Жоао Феликс

Бенфика и Челси вечерва ќе се сретнат во Шарлот во осминафиналето од Светското клупско првенство, но покрај натпреварот, во фокусот на разговорите ќе биде и потенцијалниот трансфер на Жоао Феликс.

Со присуството на претседателот на „орлите“, Руи Кошта, во САД, очекувањата се дека темата околу португалскиот офанзивец ќе биде една од клучните во преговорите со челниците на Челси. Познато е дека Бенфика сака да го врати Жоао Феликс, кој својата професионална кариера ја започна токму во овој клуб.

Челси го откупи Феликс од Атлетико Мадрид за повеќе од 50 милиони евра, потпишувајќи долгорочен седумгодишен договор. Сепак, англискиот клуб веднаш го испрати на позајмица во Милан, што фрла сенка врз неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“. Бенфика е подготвена да понуди сума до 30 милиони евра за целосен откуп, но најголема пречка останува високата плата на Жоао Феликс, која не се вклопува во финансиските рамки на лисабонскиот клуб.

Во Шарлот, каде што ќе присуствуваат и челните луѓе на Челси, можно е да се отвори подетална дискусија за иднината на португалскиот репрезентативец, кој неодамна беше забележан во близина на тимот на Бенфика за време на првите натпревари од турнирот во Мајами.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови