
Конфликт меѓу централниот дефанзивец Бен Вајт и Стив Холанд, кој е помошник на селекторот на Англија, Герет Саутгејт, е причината поради која фудбалерот на Арсенал го напуштил Катар и се вратил во својата татковина, тврди „Дејли мејл“. 25-годишниот дефанзивец не настапи на ниту еден од трите натпревари на Англија во групната фаза и на 30 ноември ФА објави дека го напушта кампот поради „семејни причини“.
Вајт после тоа не се врати во Катар, а Саутгејт не повика друг играч да го замени.
Холанд и Вајт се судриле на тимскиот брифинг пред натпреварот со САД, при што тренерот го обвини играчот дека не бил свесен за важните параметри во врска со неговата лична статистика, а исто така не се запознал со информациите дадени за противниците на Англија. По оваа епизода, беше одлучено Вајт да биде вратен на Островот.
Вејт започна 14 натпревари во Премиер – лигата пред паузата за Светското првенство и беше клучен за одржување на Арсенал на врвот на табелата. Освен што беше централен дефанзивец, тој се претстави одлично и како десен бек и неговата сестраност беше една од главните причини за неговото повикување во националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
