По долга и блескава кариера, белгискиот маестро Дрис Мертенс преку видео на социјалните мрежи објави дека става крај на фудбалската приказна која траеше речиси две децении. Симболично, неговиот последен натпревар ќе биде на 5 јули во Братислава, на свечениот проштален меч на неговиот долгогодишен пријател и соиграч Марек Хамшик.
Од првите чекори во Гент, па преку Агов и Ултрехт, до блесокот во ПСВ, Мертенс го изгради својот пат со посветеност и страст. Но токму во Наполи го испиша најсјајното поглавје — со девет незаборавни сезони, 148 голови и статус на апсолутна легенда. Тој останува најдобриот стрелец во историјата на клубот од Неапол, симбол на една ера.
Последната станица во неговата кариера беше Галатасарај, каде ги одигра последните три сезони на врвно ниво.
Во дресот на белгиската репрезентација, Дрис Мертенс остави длабок траг со 109 настапи и 21 гол, кулминирајќи со бронзениот медал на Светското првенство во Русија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













