
Белгија ја совлада Риусија со 3-0 и покажа дека е еден од фаворитите за највисок пласман на Европското првенство. „Црвените ѓаволи“ беа доминантни и дојдоа до првиот триумф во групата Б иако всушност играа како гости во Санкт Петербург.
Ромелу Лукаку потврди дека ќе биде еден од главните претенденти за прв стрелец на турнирот и постигна два гола. Робусниот напаѓач го отвори резултатот во десеттата минута и голот му го посвети на соиграчот од Интер, Кристијан Ериксен, кој претходно доживеа драматични моменти и колабираше на теренот на мечот со Финска.
Вториот гол за Белгија беше дело на Томас Муние во 34.минута, а во финишот Лукаку уште еднаш ја затресе мрежата на Русите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
