Фудбалскиот клуб Барселона напорно работи на реконструкција на тимот за следната сезона. Хоан Лапорта направи голема грешка кога му изрази доверба на Роналд Куман и го донесе Чави дури во ноември. Барса затоа мора да работи по забрзана процедура за следната сезона, кога императив ќе биде атака на титулата.
Раководството на клубот е во сериозни преговори со Франк Кеси, одличниот играч за врска на Милан.
Каталонските медиуми откриваат дека Барса е во пол-позиција за неговиот потпис и му нуди годишна плата од 6,5 милиони евра.
Кеси е третиот играч кој преговара со Барселона, а на лето ќе биде слободен агент. Барса со недели е во интензивни преговори со тандемот на Челси, Цезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен, кои исто така се подготвени да се преселат на „Камп Ноу“.
Кристенсен целосно ја отфрли можноста да остане во Челси, а Аспиликуета се уште се двоуми, но се поблиску е до одлуката да се врати во татковината.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













