Барселона наскоро би можела да има потреба од централен дефанзивец, особено со оглед на неизвесната иднина на Ињиго Мартинез и Андреас Кристенсен по завршувањето на претстојната сезона. Едно од имињата кое се споменува како потенцијално засилување за „Камп Ноу“ е Французинот Ибрахима Конате.
Играчот на Ливерпул е под сериозен радар на Реал Мадрид, кој има план да потпише преддоговор со него и да го донесе како слободен играч – по истиот модел како што тоа се случи со Килијан Мбапе и Трент Александер-Арнолд.
Реал Мадрид веќе подготвува понуда за Конате, чиј актуелен договор со Ливерпул влегува во последните шест месеци. „Црвените“ очајно се обидуваат да постигнат договор за продолжување на соработката, но засега нема позитивен исход.
Покрај Реал и Барселона, и Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со овој централен дефанзивец. Ливерпул е подготвен да го продаде за сума од околу 40 милиони евра, но сите заинтересирани клубови се воздржани, надевајќи се дека Конате ќе стане слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













