
Барселона, актуелниот шампион на Шпанија, ја започна азиската турнеја со победа од 3-1 против Висел Кобе.
Тренерот Ханси Флик одлучи да ротира цел состав, давајќи им шанса на две различни постави во двете полувремиња. Своето деби го имаше и Маркус Рашфорд, кој одигра околу 30 минути во вториот дел.

Првиот гол за „каталонците“ го постигна Ерик Гарсија во 33. минута, откако најдобро се снајде во мешаницата пред голот и одблиску ја затресе мрежата.
Пред паузата Висел Кобе израмни на 1-1 преку Мијаширо во 42. минута, по груба грешка на одбраната на Барселона.
Nice introduction, Roony 😜 pic.twitter.com/3aOo2Zvr1F
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 27, 2025
Во 77. минута, Руни Барџи, новата аквизиција во тимот, повторно донесе водство за Барселона по одлична асистенција од Роберт Левандовски, а конечниот резултат го постави 17-годишниот Дро Фернандес во 87. минута.
Следната станица на Барселона е Јужна Кореја, каде тимот ќе одигра пријателски средби против Сеул и Даегу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
