Каталонскиот гигант Барселона е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед и повремен англиски репрезентативец Џејдон Санчо, пренесува „Спорт“. Санчо, кој одби да му се извини на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг, поради објавите на социјалните мрежи во кои го обвинува дека лаже за неговите лоши настапи во тимот, беше исфрлен од првиот состав од Манчестер Јунајтед.
Каталонскиот „Спорт“ наведува дека Барселона ги следи случувањата во Манчестер Јунајтед, а клубот планира во зимскиот преоден рок да го ангажира англискиот фудбалер.
Санчо во Манчестер Јунајтед пристигна во 2021 година од Борусија Дортмунд, а за клубот од „Олд Трафорд“ одигра 82 натпревари и постигна 12 гола. Тој се појави на три натпревари оваа сезона.
Санчо има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













