Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15.30 часот) ќе одигра пријателски натпревар против Молдавија, прво во мини-циклусот во турскиот туристички центар Анталија. Овие два теста треба да бидат одлична проверка на формата во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации.
Капитенот Енис Барди ја истакна одличната атмосфера во националниот тим и посочи дека секој натпревар е важен кога се носи националнот дрес.
„Работиме одлично, по подолго време сме заедно и секогаш е задоволство да се биде дел од репрезентацијата. Нѐ очекуваат два пријателски натпревари кои ги сфаќаме максимално сериозно, затоа што секогаш е важно добро да ја претставуваме Македонија. Не е потребен некој посебен мотив. Молдавците сигурно не се селекција за потценување, тие за малку не се пласираа на ЕВРО 2024, Црна Гора можеби е и уште подобар тим, а ние сме фокусирани на нашите замисли и идеи и треба да ги спроведеме на терен барањата на селекторот. Верувам дека ќе бидеме успешни во тоа“, изјави капитенот Енис Барди.
Натпреварот меѓу Македонија и Молдавија се игра утре, со почеток од 15.30 часот, на стадионот „Мардан“ во Анталија. Три дена подоцна Македонија ќе игра пријателски натпревар и со Црна Гора.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski