Макфудбал во Гибралтар,
Фудбалската репрезентација на Македонија, очекувано, има водство (0-1) против Гибралтар на гости, во вториот натпревар од Лигата на нации. Стрелец на голот беше капитенот Енис Барди во 21.минута од мечот.
— Le Football en VOD LXIX (@le_lxixy) June 5, 2022
Во осмата минута Македонија ја имаше првата одлична шанса, Барди го проигра Милан Ристовски, а тој со удар од 14 метри ја погоди гредата од голот на Гибралтар.
Goal Nikolovpic.twitter.com/0mjB8zuHXw
— 𝕬𝖓𝖌𝖊𝖑¹⁰ 🇦🇷🏆 (@Angelinhojr) June 5, 2022
Но, десет минути колосална шанса имаше и Гибралтар. Голема грешка на Висар Муслиу кој сакаше да ја врати топката назад кон голманот Дени Илиев, а го проигра Валарино. За среќа, тој беше непрецизен од супер позиција.
Само три минути подоцна, казни Енис Барди. По корнерот од левата страна, акција на Барди кој со шут од 12 метри го совлада голманот на Гибралтар.
Стефан Спировски упати бомба од далечина во 40.минута, но голманот Колеинг одлично интервенираше.
Во вториот дел, селекторот Милевски направи неколку замени, а триумфот го потврди Бобан Николов во 84.минута. По асистенцијата со петица на Доријан Бабунски, тој беше снаодлив во противничкиот шеснаесетник и успеа да ја надмудри домашната одбрана.
ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 0-2 (0-1)
Стадион „Викторија“ во Гибралтар. Гледачи: 1.500. Судија: Алан Дуро (Луксембург). Стрелци: Барди 21′, Николов 84′ (Македонија). Ж. картони: Да. Бабунски (Македонија).
ГИБРАЛТАР: Колеинг, Џоли, Вајсман, Брито, Торилја, Лопес, Анесли, Оливеро, Вокер (87′ Поцо), Валарино (78′ Касијаро), Стич (65′ Хумбс).
МАКЕДОНИЈА: Илиев, Тодороски, Муслиу, Серафимов, Алиоски (65′ Ашковски), Барди, Спировски (46′ Ристевски), Николов, Елмас (65′ Да. Бабунски), Трајковски (57′ Миовски), М. Ристовски (57′ До. Бабунски).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski